Биното: Муџело ќе биде одлично шоу за Ф1

Шефот на Ферари, Матиа Биното, најави дека трка на патеката Муџело, која е во сопственост на Ферари, ќе биде одлична за Формула 1. 

Муџело, Имола и Портимао се новите трки на календарот за Септември и Октомври, но во моментов има потврден датум само за Монца на 6 Септември. Многу трки беа откажани и сега се потврдени само трки во Европа, додека вториот дел од сезоната треба да се најави наредната недела. 

Муџело се совпаѓа со тркта број1.000 на Ферари. 

Можам да потврдам дека дискутираме со Формула 1. Наша надеж е дека ќе ја вратиме Форула 1 на Муџело. Веруваме дека е добра петека која многу бара од возачите. Мислам дека е одлична патека и носење на Формула 1 во Тоскана е како дијамант.

Би било одлично 1.000та трка на Ферари да ја прославиме дома, во Италија ,на Муџело. Тука тестиравме како млади кога бев инженер во 1995 година, но не и како возач.

често сум таму. Тоа е интересна трка која е брза и многу бара од возачите и болидите. пилотите уживаат тука и пред неколку дена бевме со Себ и Шарл на тест. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ