Биното нема да смее да работи до крајот на годинава

Матиа Биното нема да го гледаме во Формула 1 падокот до крајот на оваа година откако му беше доби финансиска компензација од Ферари, а со тоа и забрана за вршење на било каква фукција во спортот до почетокот на 2024 година.

Италијанците го подобриле претходно договорениот финансиски апкет на име оштета за возачот со цел да се зголеми неговото задолжително отсуство од серијата од 6 на 12 месеци. 

По крајот на ланската сезона, Скудерија официјално потврдија дека се разделуваат од Биното кој бееш нивни шеф на тимот, а кусо потоа потврдија и дека Фредерик Васуе ќе ја предводи екипата во иднина. Матиа беше шеф од 2019 година, дојде од позицијата технички директор на тимот, а долги години е во Маранело на разни инженерски позиции.

Секако дека неговото искуство и тоа како е посакувано во било која екипа од гридот, а Ферари се осигураа дека тој нема да работи барем до крајот на оваа година. Мерцедес демантираа дека иамат намера да го земат Биното во Бракли, но другите екипи не го направија тоа, а Матиа често се споменува и како наследник на Рос Браун во Формула 1 организацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ