Биното: Не е фер да се каже дека Леклер е склон на грешки

Од Ферари сметаат дека е неправедно да се сугерира дека Шарл Леклер е склон на грешки и покрај грешката што го чинеше веројатна победа на трката за Големата Награда на Франција.

Возачот од Монако водеше во почетокот на Пол Рикар и со подобра деградација на гумите од главниот ривал Макс Верстапен, изгледаше дека целосно ги контролира работите. Сепак, по грешка во 18от круг, тој излета од патеката и удри во заштитните бариери што ја отвори вратата за Верстапен да победи и дополнително да ја зголеми неговата предност во шампионатот.

Грешката на Леклер во Франција доаѓа откако тој исто така загуби вредни поени на Големата Награда на Емилија Ромања, кога го оштети својот болид по несреќата на шиканата Варијанте Алта кога целеше кон второто место. Тој успеа да го врати болидот во боксот на поправки пред на крајот да заврши на шестото место.

Двата инциденти го чинат Леклер вредни поени во шампионатот и сега му треба драматична промена на среќата доколку сака да му се спротистави на Верстапен во остатокот од сезоната. Но, шефот на тимот Матиа Биното отфрли секаква сугестија дека Леклер имал склоност да прави грешки.

Мислам дека тоа е малку неправедна изјава затоа што возеше на лимитот. Има работи што може да се случат кога возите на лимитот.

Зошто се случи? ќе видиме дали има нешто друго, ќе одвоиме време со него да разговараме и да дознаеме, но во моментов нема причина да го обвинуваме.

Сигурен сум дека ќе научи. Сме виделе дека Шарл реагира многу силно и добро кога прави грешки И јас сум прилично сигурен дека тој ќе се врати во Унгарија посилен и гладен за најсилен резултат.

Биното смета дека врз основа на брзината што Ферари ја покажа во текот на викендот, со подобрата деградација на гумите на Леклер, тие ќе можеле лесно да стигнат до победа.

Тоа беше добар викенд во однос на темпото, а болидот се покажа како многу конкурентен. Мислам дека и трката на Карлос го покажа тоа.

Шарл водеше во трката. Мислам дека имавме предност во однос на Ред Бул во однос на деградацијата на гумите до 15от круг, а потоа Макс мораше да застане.

Можевме да ја продолжиме серијата и го продолживме гледајќи во времето кога Макс застана кога почна да страда од деградација на гумите.

Шарл добиваше две или три десетинки по круг во однос на него, што уште еднаш докажа дека нашиот болид е одличен и нежен при управувањето со гумите.

Наместо да се задржува на разочарувањето од Пол Рикар, Биното вели дека фокусот сега е на враќање со стил во Унгарија.

Мислам дека излеговме од Ле Кастеле со целосна доверба во нашиот пакет, во капацитетот на нашите возачи и нашата брзина.

Среќа што за една недела ја имаме Унгарија. За нас е важно да ја свртиме страницата, да гледаме напред. Во Унгарија повторно ќе биде многу жешко и повторно ќе се работи на управување, деградација и прегревање на гумите, многу слично на Франција.

Затоа, ќе кажам дека има многу причини зошто треба да се насмееме и да бидеме позитивни, бидејќи нашата цел во Унгарија не треба да биде победа, туку 1-2.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ