Биното очекува изненадувања годинава

Матиа Биното, првиот човек на Скудерија Ферари, изјави дека очекува неколку изненадувања оваа сезона и дека ривалите меѓу себе ќе си ги копираат иновациите. 

2022 година е почеток на нова ера во Формула 1 со целосно нова филозофија во однос на дизајнот и со болиди со таканаречен земјен ефект. Многу од тимовите потрошија многу време, можеби и повеќе од една година, за да најдат иновација која би им донела предност. 

Очекуваме изненадувања посебно на почетокот на сезоната кога тимовите ќе си ги споредуваат болидите и иновациите за кои не им текнало до сега. Многу е важно да напредуваме и да сме конкурентни – посочи швајцарскиот инженер.

Зборувајќи за новите болиди, тој изјави дека неговите возачи веќе некое време се подготвуаат за нив. 

Ќе биде доста различна сезона. Правилата се целосно нови и со нови форми кај аеродинамиката, суспензијата и механиката. Очекуваме болидите различно да се возат и возачите ќе мора да се приспособат.

Ќе има побрзи болиди во брзите свиоци и ќе има болиди побавни во спорите кривини. Болидите ќе бидат постегнати и пониски и затоа ќе се покомплицирани за возење, Но уште од сега знаеме каде треба да се поправиме и работиме одамна на тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ