Биното призна дека му дале лоши насоки на Саинз

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, призна дека немало начин Карлос Саинз да забави зад безбедносно возило и да создаде доволно голем простор за Шарл Леклер да се одвои на врвот по рестартот.

Шпанецот стигна до својата прва Формула 1 победа викендов во Британија откако го мина колегата по последниот рестарт на 10 кругови пред крајот на трката, благодарение на свежите софт гуми кои Фрари решија да му ги вградат. Италијанцие одлучија Леклер да го остават на патека за да си ја зачува позицијата, а да одат со алтернативна стратегија кај Карлос.

Кон крајот на периодот на безбедносно возило, тимо побара од Саинз да забави и да има барем 10 должини на болид помеѓу него и колегата со цел да му даде простор на лидерот да с еодлепи. Но, Саинз им врати дека и тој е под доволно голем притисок од Хамилтон зад себе.

ве молам не барајте вакви работи. ве молам, ве молам не измислувајте вакви работи. не измислувајте и јас сум под притисок – јасен беше саинз.

Матиа Биното посочи дека такви насоки му биле дадени на Карлос за да се олесни рестартот на Шарл затоа што тој беше на корисени хард, но потоа и смите тие сфатиле дека не е можно да се одработи како што мислеле.

имаме целосна довебра во него и знаеме дека ќе направи се што е потребно за тимот. тоа го покажа откако неколку кругови претходно дозволи леклер да го мине откако не успеа да го вози потребното време и претходно кога пред шарл застана по свежи гуми, направи како што се бараше од него. верува во тимот, а исто и ние во него.

повторно ќе кажам дека сум пресреќен со начинот на кој одработе и со победата до која дојде. веројатно немаше начин да направи растојание од шарл и го направи најдоброто моно сценарио за да победиме на силверстон – посочи биното.

По трката, шпанецот појасни дека се плашел да ја загуби заветрината која му ја правел Леклер пред себе и со тоа ризикувал да биде минат од Луис.

се обидов да им објаснам дека зад себе го имав веројатно најбрзиот човек на патеката. ако заостанев 10 метри ќе загубев заветрина, шарл немаше да ме повлече и луис ќе ме минеше и мене и него многу лесно.

мојата одлука беше што поскоро да минам во водство затоа што знаев дека ако водам до 6та кривина земајќи го предви гридпот кој го имав на меките гуми, ќе одработам рутинска трка.

им кажав на инженерите да ме остават и ги уверив дека ќе одработам колку што е можно почисто, а шарл одично се покажа што во тие моменти остана на 2ро место. понекогаш возачо тима различно чувство од тимот, понекогаш може да погреши, но мора да се слуша и самиот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ