Биното: СФ-23 не е мое дело, тоа е болид на Ферари

Поранешниот тимски шеф на Ферари, швајцарскиот инженер Матиа Биното, посочи дека овогодинешниот болид на Ферари не е негово дело.

Матиа беше отстранет од шефовското место по крајот на ланската сезона, а неговата позиција ја превзеде Фредерик Васур, французинот кој ја водеше Алфа Ромео. Биното беше неколку години на чело на трофејната екипа од Маранело, а неговото искуство во Ферари датира уште пред Михаел Шумахер да дојде во екипата.

И покрај тоа што инженерите од Маранело тврдат дека СФ-23 е силно развиена и подобрена верзија на ланскиот Ф1-75, Биното тврди дека истиот не е негово дело.

во формула 1 не разговараме за индивидуалци, туку за група на луѓе. овој болид беше дизајниран лани кога јас бев на чело во ферари, но не е мој болид, тоа е болид на ферари.

за да се победи, секогаш ви треба најбрзиот болид, а возачот може да направи разлика на патеката од само неколку десетинки – искрен е биното во својата изјава за Corriere dello Sport.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ