Биното: Ферари донесе исправна одлука со стратегијата на Саинз

Шефот на Ферари, Матиа Биното, изјави дека тимот донел исправна одлука со внесувањето на Карлос Саинз во бокс за втор пат да менува гуми при крајот на трката. 

И покрај казната за небезбедно пуштање од бокс, Саинз беше доста силен при крајот на трката иако стартуваше од 19та позиција. Шпанецот беше повикан во бокс откако го престигна Перез за третата позиција. Тој ослужи казна од 5 секунди во боксот за небезбедно пуштање на патеката при претходната промена, доби нов сет гуми и на крајот трката ја заврши на петта позиција со екстра поен за најбрз круг. 

Иако беше видливо трошењето на неговите гуми сепак беше чудно што тимот го повлече во боксот и покрај одличните перформнаси. Биното изјави дека тоа било направено за да не се најдат во ризична ситуација на крајот на трката. 

Сигурни сме дека го направивме вистинскиот избор. Гумите брзо се трошеа и ќе беше ризично на крајот.

Сеуште имавме брзина да ја направиме разликата од казната. застанување со поен за најбрз круг беше тоа што ни треба. Сметам дека што и да беше тој ќе ја имаше таа позиција – вели швајцарскиот инженер.

Саинз остана единственото Ферари на патеката откако Леклер излета. 

Тоа беше возачка грешка. Проблемот со педалот за гас беше откако тој сакаше да се врати наназад и тогаш почна да вика по радио мислејќи дека проблемите од Австрија се вратиле, Но тоа не беше проблемот. 

Биното смета дека не одело се по планот и дека имале добри перформанси, добро менаџирање на гумите и деградацијата. Леклер беше побрз од Ред Бул и добиваше неколку десетинки пред да излета.

Мала грешка и проблем со издржливоста ни го загорчи животот но очекуваме успех во иднина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ