Биното: Ферари разочарани од темпото на трка

Шефот на Ферари, Матиа Биното изјави дека нивниот болид треба уште повеќе да се подобрува со оглед на резултатот во Британија.

Шарл Леклер се квалификуваше на десетинка зад Валтери Ботас но предупреди да не се очекува многу на трката со оглед на темпото од тренингот во Петок. Неговото мислење се покажа како точно и Ферари не успеа да ги следи Мерцедес и се бореше со Ред Бул. Тој заврши на 3та позиција со половина секунда заостанување.

Ние треба да се бориме за првата позција на сите трки независно од патеката. тоа не беше случај со Британија и тоа е разочарувачки. По квалификациите очекувавме подобар резултат, но тоа не се случи и имаме многу работа.

Ферари повторно беше загрозен од Ред Бул, слично како на последните трки.

Тие се подобри и во последните трки беа многу конкурентни. Мислам дека нашите пакети се многу блиску според последните две трки. Потребно ни е да се поправиме за да бидеме пред нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ