Блиску сме, задоволен е Хамилтон

Луис Хамилтон има верба во тимот дека ќе може да се бори за победа на претсојната трка во Абу Даби во Недела.

Тимот од Бракли стигна до првата победа минатиот викенд на бразилски Интерлагос благодарение на Џорџ Расел, така што напредокот во оваа тешка година за нив е многу силен. Откако го решија потскокнувањето со кое се мачеа од почетокот на сезоната, тие дадоа многу перформанси, така што стануваат сеп обрзи како што одминува сезоната.

првиот тренинг беше добар, на вториот тренинг балансот не беше совршен, јас направив промени помеѓу двете сесии кои очигледно не биле вистински. чудно беше што сум на второ место со надуправување што ограничува, а освен тоа бевме многу конкурентни и блиску.

мислам дека ред бул се доста брзи овдека, што и го очекувавме, а не очекувавме ние да сме так блиску до нив затоа што оваа патека не ни одговара. ќе работиме силно во текот на ноќта, вообичаено напредуваме и се надеваме дека и овој пат ќе биде така – посака хамилтон.

Луис нема победа на трка годинава и ако не успее да триумфира во Абу Даби тоа ќе биде прва година без Формула 1 победа за него откако е дел од најпрестижната моторспорт тркачка серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ