Ботас го објаснува огромниот заостаток зад Хамилтон

Валтери Ботас откри дека проблеми со сопирачките придонеле да биде на лошо за него 4то место на денешната “утоп мокра“ квалификациска сесија за Штаерското Гранд При.

Финецот беше победник од минатонеделната трка на истата патека каде водеше во текот на сите кругови и тргна од пол позиција, но проблемите со предните сопирачки при тешките услови биле многу незгодни.

На крајот од сесијата тој беше дури за 1,428 секунди побавен од неговиот колега, а од Хамилтон ќе го разделат и Макс Верстапен на Ред Бул, но и Карлос Саинз на Мекларен.

не беше воопшто лесно и не сакав да тргнам од 4то место, но јасно е дека условите беа многу тешки, апредизвиците различни.

личн за мене мислев дека нема да успеам доволно да ги загреам гумите, дел од причините поради која предната десна сопирачка не работеше како што треба во текот на квалификациите и поради тоа не можев да извадам се од болидот на кочење.

беше тешко и можам да кажам дека сум разочаран со резултатот – незадоволен е ботас.

Валтери вели дека не е сигурен дека екипата ќе ги реши проблемите во текот на ноќта, но и дека временската прогноза ќе има голем удел во тоа.

се надевам дека утре се ќе биде во ред. ќе биде одлично да можеме да се тркаме “до даска“, но тоа ќе го дознаеме само утре затоа што едно е трка, а друго се тренинзи. знаеме дека имаме брз болид и треба само да немаме проблеми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ