Ботас е импресиониран од се подобриот Хамилтон

Валтери Ботас изјави дека Луис Хамилтон станува се подобар и е изненаден како сеуште успева да работи на личниот напредок. 

Финецот беше колега во Мерцедес со Хамилтон пет сезони од 2017 до 2021 година, период во кој британецот освои четири шампионски титули, но ја загуби титулата последната сезона. 

Секоја година Луис е уште подобар возач. Тој има многу искуство во Формула 1 и учи многу повеќе од другите. Тоа не доаѓа природно бидејќи и конкуренцијата е тешка.

Дефинитивно научив доста од него во текот на последните пет години. Импресиониран сум од неговиот развој. Секогаш сака повеќе од себе и од тимот и тоа е Така секоја година. 

Ботас победи на 10 трки за време на неговиот престој во Мерцедес и два пати заврши на второ место. Тој има помешани чувство за тоа што не ја остварил неговата цел. 

Кога дојдов во тимот цел ми беше да ја освојам титулата, Но тоа не се случи. Сепак мислам дека сум подобар возач и научив многу од тимот и мислам дека направивме доста добри работи заедно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ