Ботас се отвори: Лесно е да ме критикувате

Валтери Ботас смета дека е многу лесно да се критикуваат неговите перформанси против младиот дебитант во Мерцедес, Џорџ Расел, откако се мачел цела трка.

Редовниот возач на Вилијамс го менуваше Луис Хамилтон на Шакирското Гранд При откако британецот беше позитивен на Ковид-19 во Понеделникот. Се квалификуваше помалку од три стотинки зад Ботас, но по гаснењето на црвените светла поведе и водеше се до првата промена на гуми. Следуваше двојната промена под безбеднонсо возило каде Мерцедес “оплеска“ и си ја уништи трката.

Откако го доминираше Ботас во текот на целата трка, се посилни се глсините дека треба што поскоро да го замени финецот кој ретко кога му парира на Хамилтон. Но, Валтери смета дека стратегијата била таква што морал да вози со стари гуми и покрај тоа што се задржал подолго на патеката.

знаев дека за време на првата серија со медиум гуми, позицијата на патеката ќе биде клучна и не смееше да се загуби место. во втората серија го стигав и тоа доста брзо и знаев дека ќе биде отворена трка за победа до самиот крај. знаев дека се е во игра и дека кон крајот на животниот век на тврдите гуми ќе може да се бориме.

Валтери откри дека не размислувал дека ќе биде поразен од својот млад колега, туку дека трката на Мерцедес не изгледала добро со оглед на тоа каков можел да биде крајниот исход.

во трката се обидов да извлечам максимум и знаев дека ни претстои долга трка и не размислував многу за тоа кој кого ќе победи. но, сега, размислувам за тоа и ако не ја анализирате добро трката тогаш изгледам како будала што не е убаво.

беше лоша трка за мене од самиот почеток и многу е лесно луѓето да гледаат од надвор и да кажат дека дошол нов возач и во првата трка ме победил мене што сум неколку години во тимот. но, оние кои го познаваат спортот ги знаат перформансите и знаат каков можеше да биде крајниот резултат. не знам што да додадам, секако дека не беше добар викенд.

Откако при втората промена на гуми настана хаос поради проблеми со радио комуникацијата во тимот на Мерцедес, Валтери се задржа многу долго во гаражата и на крајот беше пуштен со истите гуми со кои беше повлечен на патеката. Се работеше за истршен хард со кои не беше во можност да се бори до крајот на трката.

Финецот беше минат од Џорџ Расел, а потоа загуби позиции и од Карлос Саинз, Даниел Рикардо, Александер Албон и Даниил Квјат и финишираше на 8мо место.

беше кошмар да се биде на стари и истрошени хард гуми во последниот дел од трката. дополнително истите се оладија при предолгата промена. оние околу мене имаа свежи медиум, јас како да стоев во место во однос на нив. беше кошмар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ