Брандл: Васур не дојде во Ферари поради Леклер

Поранешниот Формула 1 возач и актуелен аналитичар на британски Скај, Мартин Брандл, верува дека пред Фредерик Васур има многу голема задача на чело на Ферари и дека французинот не дошол во Маранело поради Шарл Леклер.

Најголемите успеси на Васур е како ментор на млади возачи во својот АРТ Гранд При тим, а негови возачи беа Луис Хамилтон, Нико Розберг и секако Шарл Леклер. Брандл посочува дека постигнувањата на Васур во Алфа Ромео не биле “ништо посебно“ и е сомничав дека французинот може да донесе успеси на италијанците.

по мене, една од најтешките работи во формула 1 е да се биде шеф на ферари. знаеме дека матиа биното беше отпуштен, човек кој цел живот е во ферари, а фред васур дојде на тоа “жешко столче“. тој има силна историја, има моторспорт успеси, најголем дел во пониските серии.

но, дали направи неверојатни работи со алфа ромео, нешто што би ве поместило од место. да почекаме да видиме дали е способен да го поведе ферари во вистинска насока – вели брандл.

Блискиот однос на Васур со Леклер, кому му беше шеф и во Алфа Ромео, донесе до шпекулации дека токму возачот бил клучен за негово доведување во Маранело, но Брандл демантира нешто такво и смета дека Скудерија мора да има двајца силни возачи ако сакаат сериозно да се борат.

ако го земале васур поради тоа што е влизок со леклер, тоа е целосно погрешна причина да се донесе васур. во ферари ги имаат карлос саинз и шарл леклер, еден од најдобрите тандеми возачи на гридот и двајцата треба да се чувствуваат сакано и поддржано.

фред сигурен сум дека нема да го поддржи само шарл, затоа што перформансите се пресудни, а силни двајца возачи се клучни. не се работи за тоа кој е пријател со кого во овој бизнис, туку се работи за спротивното, кој може да победува и да носи успеси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ