Брандл: Верстапен има сериозна конкуренција во Монако

Ред Бул победија на сите 5 до сега одржани трки од календарот, но коментаторот и аналитичар за британски Sку, Мартин Брандл, посочи дека шампионот Верстапен ќе има сериозен предизвик низ улиците на Монте Карло.

Ферари и Астон Мартин гледаат можност за победа овој викенд низ Кнежевството и прв пораз за Ред Бул годинава откако Милтон Кинс доминира со сезоната. Двократниот првак Верстапен се мачеше со сетриањето на првата сесија и заврши на 6то место, додека на вториот тренинг беше подобар, но Ферари беа многу блиску зад него.

се жалеше на спојката уште кога прв пат излезе на патеката и не беше среќен и задоволен од болидот во ниту еден момент од првиот тренинг. кога болидот удира до земјата, тогаш товарот го превзема шасијата наместо гумите, а болидот скока и не е удобно, а перформансите многу се губат, така што ги разбирам неговите проблеми.

суспензијата е таква деновиве што нема премногу делови кои може да се прилагодат за оваа трка, не може да се подигне и спушти едноставно болидот, се работи за ел пакет. не е нешто што лесно се поправа и ќе мора да вози со тој проблем.

ред бул имаа болид каков што имаат и ќе мора да се тркаат со него, а конкуренцијата на оваа трка е жестока – објасни брандл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ