Брандл: Окон греши што не игра тимски

Мартин Брандл смета дека Естебан Окон погрешил што му ја отежнал трката на својот тимски колега на Штаерското Гранд При, велејќи дека французинот мора да научи да биде тимски играч.

Рикардо беше веднаш позади Окон во почетокот на трката, но не успеа да го претекне и покрај тоа што беше побрз, а притоа возејќи со потврди пневматици од французинот. Рикардо конечно го претекна во 18от круг, но Окон потоа се откажа поради проблем со системот за ладење.

Рикардо побара од тимот да ги заменат местата и истакна дека наредбата ќе дошла брзо доколку Окон не опаднал драстично. Анализирајќи ја ситуацијата за Sky F1, Брандл се согласува со Рикардо, инсистирајќи дека Окон ќе добиел повеќе доколку ја пропуштел својата позиција, наместо да дава отпор.

Рено се соочи со ситуација во која Рикардо, кој заминува за Мекларен, навистина требаше да биде пропуштен од својот тимски колега, Окон. Естебан е импресивен борач, но како и во неговите денови во Форс Индија, тој мора да сфати дека работа како тимски играч не е слабост, а секако е зрелост која ја бараат големите тимови.

Тие се блокираа меѓусебно, додека борбата се одвиваше помеѓу Мекларен и Рејсинг Поинт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ