Брандл смета дека Хамилтон си е виновен за грешката

Мартин Брандл, поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор на Скај, смета дека Луис Хамилтон самиот е виновен што одлучил да остане на патеата на истроешни интермедиа во Турција, наместо да ги слуша тимските наредби да промени гуми.

Седумкратниот првак беше повикан во бокс на 16 кругови пред крајот на трката, но одбра да не го послуша тимот и да остане на патеката затоа што сметаше дека гумите се доволно добри и ќе издржат до крајот. На крајот, заедно со екипата одлучија да променат на неколку кругови пред крајот за да избегнат можност за откажување на некоја гума, но со тоа загуби две позиции, а уште пострашно, го загуби и водството во возачкиот поредок.

мислам дека на трката луис згреши. видовме дека не ги слуша насоките од тимот и претходно, но тогаш имаше среќа и му се исплатеше. во турција лани врнеше до крајот, но тогаш победи на извонреден начин.

вчера мислам дека мерцедес мораше да го натера да ги слуша на начин на кој тоа го направија ред бул, да се обидат да ја минимизираат болката од казната за нов мотор и назадувањето на гридот.

луис самиот го уништи балансот на тимот, немаа решение за да го натераат да не вози до крај со тие гуми, а кога сфати дека самиот погреши, беше предоцна. сигурен сум дека ак оги погледнеем гумите на естебан окон од алпин, на пример, истите беа истрошени “до даска“, а и пирели рекоа дека не издржуваат до крајот.

логиката и разумот велеа дека мора да се промени, но луис не го направи тоа – изјави брандл за скај спортс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ