Браун бара ДРС да остане

Главниот извршен директор на Мекарен, Зек Браун, даде своја поддршка за ДРС системот на негово останување во спортот и во иднина.

Се смета дека големата промена во правилата ќе го направи системот непотребен затоа што ќе се олесни следењето и претекнувањето. Во моментов не е јасно дали системот ќе остане на болидите и следната година или пак ќе престане д се употребува.

Првичниот болид за 2022 година кој беше претставен во Британија на Силверстон немаше ДРС систем што само ги засили шпекулациите дека спортот се откажал од истиот. Но, Браун го сака системот и во иднина се додека не се докаже дека болидите навистина полесно ќе се следат и преткнуваат.

она што ми го кажаа како моите во тимот така и луѓето од надвор се дека болидите ќе испорачаат и без дрс, но нема да знаеме додека ен го видиме тоа на патеката и поради тоа сметам дека е добра идеја за сега да се задржи системот на болидите.

слично како со спринт квалификациите, треба да видиме како ќе работат болидите, дали ќе бидат согласно планот и предвидувањата или ќе им треба дрс некое време. првично работиме само со податоци и цртежи, а потоа ќе видиме и како ќе биде реално на патеката – вели браун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ