Норис и Браун изненадени, но не се занесуваат

Ландо Норис призна дека бил изненаден што завршил на третото место во квалификациите, откако открил дека патеката во Барселона е совршено прилагодена на сетапот на Мекларен.

По тешкотиите на Мекларен досега оваа сезона, Норис предизвика едно од најголемите изненадувања во квалификациите за да заврши на трето место, половина секунда зад носителот на пол позицијата Макс Верстапен.

Норис, исто така, откри колку бил шокиран со неговите перформанси во квалификациите, признавајќи дека свиоците со голема брзина околу патеката во Барселона се добро прилагодени на болидот.

Изненаден сум што сум тука, но неверојатна работа, трето место. Скоро и второ, но тоа е домашна трка за Карлос, па мислев да му подарам неколку десетинки – се пошегува британецот.

Многу сум среќен со 3то, беше убаво во текот на квалификациите, бевме доста брзи. Се е добро.

Се чини дека е добро за нас. Би рекол дека ми се допаѓа. Тоа е една од нашите силни страни, свиоците со голема брзина. Многу сум среќен, тешки квалификации, но секогаш во овие тешки услови, се чини дека добро работиме. Изгледа дека ми одговара.

Иако Зек Браун одби да се занесе со квалификацискиот резултат на Норис, шефот на Мекларен призна дека ова може да биде почеток на пресврт во среќата на тимот.

Мислам дека дефинитивно сме подалеку понапред отколку што очекувавме. Мислам дека тоа покажува колку Формула 1 е сега блиску.

Речиси рутински имате тимови кои се во К3, потоа во следната недела тие се надвор од К1 и обратно, така што мислам дека тоа е возбудливо за иднината на Формула 1 бидејќи правилата се смируваат и нашиот болид мислам дека сака пониски температури, па се надеваме дека ова време ќе не следи и во трката.

Да видиме како изгледа нашето темпо на трката и да не се возбудуваме премногу за квалификациите. Потребни се трки или две за да се откријат надградбите.

Се надевам дека ова е почеток на добри работи што доаѓаат, но како што споменав претходно, многу е тесно на теренот, кој знае што ќе се случува во Монтреал. Андреа и тимот вршат одлична работа и се разбира, имаме нови луѓе кои ќе му се придружат на тимот во не толку далечна иднина, така што има малку светлина на крајот од тунелот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ