Браун итро го закачна Ред Бул поради надминувањето на буџетот

Извршниот директор на Мекларен упати шега кога ги опиша неодамнешните жртви во тимот поради буџетското ограничување.

Зек Браун, се обиде итро да ги поткопа објаснувањата на Ред Бул за нивното мало прекршување на буџетската граница во 2021 година.

Актуелниот конструктор кој го освои светското првенство во Ф1 беше прогласен за виновен за прекршување на лимитот од 145 милиони долари за време на првата шампионска сезона на Макс Верстапен и доби парична казна и намалување на аеродинамичкото тестирање за тековната сезона.

Мекларен изведе голема инфраструктурна надградба со нов воздушен тунел во својот комплекс, ставајќи крај на соработката со Тојота и нејзиниот објект во Келн.

Браун откри ексклузивно дека тоа во голема мера се должи на способноста да се намалат трошоците за воздушниот тунел за тимот, со оглед на тоа што патувањата и плаќањата за изнајмување ќе бидат елиминирани.

Тимот, исто така, додаде талентирани вработени во својот инженерски оддел, вклучително и Давид Санчез од Ферари и Роб Маршал од Ред Бул, а и двајцата треба да ги започнат своите улоги во Јануари.

Ред Бул тврдеа дека преголемото трошење делумно потекнува од нивниот угостителски буџет, точка на која Браун брзо се осврна кога беше прашан за жртвите што Мекларен ги направиле за да се приспособат на своите оперативни надградби.

Првата работа што направивме е да ја намалиме сметката за угостителство – се пошегува Браун.

Имавме одредени неефикасности во нашите трошоци каде што не управувавме со сопствен воздушен тунел, туку изнајмувавме, така што тоа има повисока цена отколку ако само ги плаќате вашите оперативни трошоци.

Моравме да донесеме некои тешки одлуки, но исто така, со некои од нашите нови технологии, ние сме всушност финансиски поефикасни, така што можеме да пренасочиме дел од тие неефикасни трошења во дополнителен број на вработени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ