Браун и Мекларен импресионирани од О’Вард

Зек Браун откри дека возачот на Ероу Мекларен СП Индикар тимот, Пато О’Вард имал одлична сесија во симулаторот на тимот во Вокинг каде Формула 1 екипата го подготвува за тестот кој му го довери по крајот на сеоната во Абу Даби.

На почетокот на годинава, Зек му вети на Пато тест доколку 22-годишникот победи на некоја трка во Индикар, а до сега тој испорача две победи и заврши на 3то место во шампионатот. Браун ќе си го одржи зборот и следниот месец ќе му даде можност да проба Формула 1 болид на Јас Марина.

пато е фантастичен талент, имаше одлична индикар сезона, победи на неколку трки и имаше шанса за титула се до последната трка во лонг бич. многу е брз, а исто така е и одличен карактери. неговите подготовки во нашиот сиулатор се во тек и одлично одработува таму како подготовка за абу даби – откри браун.

Главниот извршен директор на тркачкиот тим на Мекларен демантираше дека О’Вард ќе биде многу скоро дел од Формула 1 екипата, затоа што младиот возач има неостварени цели во Америка пред да добие можност во врвната моторспорт тркачка серија.

многу е важно да не ставаме многу голем притисок над него и да следиме како ќе се развива. мислам дека тој ќе ужива во тестот, нешто што за многу тркачи е само сон. сигурен сум дека е многу возбуден и дека одлично ќе се покаже.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ