Норис е задоволен од напредокот, но е загрижен за иднината

Тимот успеа да ја промени својата форма по најлошиот почеток на една сезона во Ф1 во нивната 60 годишна историја.

Ландо Норис верува дека Мекларен го постигнал своето најголемо подобрување како тим, откако најновите ажурирања на болидот ги поттикнаа до успех на подиумот.

Почетокот на Мекларен во сезоната 2023 беше еден од најлошите во историјата на тимот во Формула 1, со две финиша без бодови, вклучително и откажување за Оскар Пиастри во Бахреин, што беше најлошиот можен почеток на прославата на 60 годишнината.

Нивната среќа се подобри на Австралиското Гранд При со двоен финиш во поени, но Мекларен беше вратен во реалноста во Азербејџан со постигнување два поени и уште еден финиш без бод во Мајами.

Тимот го донесе првиот дел од своите ажурирања од три дела пред летната пауза во Австрија, при што Норис покажа моментално подобрување со завршувањето на четвртото место, пред да се врати на подиумите во Британија и Унгарија, додека Пиастри, исто така заврши во првите пет во два наврати.

Норис зборуваше со пофалби за нивните напори:

Се чувствувам како да сме во подобра позиција сега со нашите разбирања, со луѓето што ги имаме, со нашите области на фокус.

Надградбата што ја донесовме во Австрија е најголемата надградба, што како тим Мекларен ја донел во последните пет години.

Во однос на тоа што имаме болид и се обидуваме да најдеме подобрувања во текот на годината, тоа е најголемото подобрување што некогаш сме го имале, дури и претходно кога тимот го имаше болидот со Б спецификации во 2012 година или нешто слично.

Овој драматичен пресврт влеа поголема доверба кај Норис:

Имам повеќе надеж отколку што имав во последните неколку години – рече тој.

Но, исто така, од она што знам дека го правиме во моментот со воздушниот тунел, симулаторот, луѓето што ги имаме, структурата што сега ја имаме.

Дефинитивно верувам дека сме на најсилната точка.

Британецот се обврза долгорочно со тимот со договор што ќе го задржи до 2025 година, но нема клаузула за ослободување.

Норис призна дека размислувал дали тоа е вистинската одлука:

Во мојот ум е онаа нетрпелива игра, дали да се задржам уште неколку години или е време да погледнам нешто друго?

Колку повеќе ги постигнуваме работите како што ги направивме во изминатите неколку недели, толку повеќе сум уверен во одлуката што ја донесов да останам до 2025 година и колку повеќе сум уверен дека можеме заедно да ги постигнеме нашите цели во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ