Вандорн: Во Мекларен бев во погрешно време

Стофел Вандорн изјави дека во двете години поминати во Мекларен бил во погрешно време поради проблемите надвор од патеката и на самата патека. 

Белгиецот дојде во Формула 1 откако ја освои титулата во ГП2 тркачката серија, а потоа се натпреваруваше и во јапонската Супер Формула. Но, по катастрофалното темпо на Мекларен, две седми места беа врвот за Вандорн и тој не можеше да му парира на Алонсо во тимот. 

Тој е првиот избор доколку Норис и Рикардо пропуштат трка согласно договорот со Мерцедес. И покрај тоа што ја има подршката на тимот уште од млади години тој смета дека било погрешно време во неговата кариера. 

Благодарен сум за шансата во Формула 1 бидејќи многу ја немаат, Но мислам дека беше погрешно време да бидам во Мекларен.

Беа тешки времиња, Многу проблеми во тимот, болидот не беше конкурентен и доста политика во менаџментот. Имам подршка во Мекларен уште од млади денови, тие ми дадоа шанса и место во тимот но беше погрешно време – искен е стоф.

Сега тој вози во Формула Е покрај тоа што е тест и резервен возач во Мерцедес и ја следи борбата во Формула 1 од првите редови. Неговиот работодавач успеа да ги надмине Ред Бул кај возачите и конструкторите со одличните резултати од Унгарија додека белгиецот признава дека Ред Бул се посилни. 

Мислам дека ќе биде тесна борба затоа што Ред Бул се подобриот тим, Имаат повеќе перформанси од Мерцедес.

Со промената на правилата Мерцедес загуби повеќе од Ред Бул, Но сепак Мерцедес е победнички тим кој не се откажува така лесно. Многу труд е вложено и мора да се победува. Нема да биде лесно но ќе биде доста интересна борба до крајот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ