Вандорн не мисли само на Ф1 и Вилијамс

Стофел Вандорн изјави дека сака да се врати во Формула 1, но не размислува само на тоа во текот на денот. 

Поранешниот возач на Мекларен имаше тежок период во Формула 1 откако беше успешен во јуниорските категории. Сега тој вози во Формула Е заедно со Ник де Врис со кој се резервни возачи на Мерцедес. 

Белгиецот се натпреваруваше и во Ендјуранс шампионатот и се зборува дека е на листата да го замени Џорџ Расел, иако прв на таа листа е Алекс Албон. 

Во моментов сум фокусиран на Формула Е затоа што Сакам да сум што подобар и Моја цел е да ја освојам титулата.

Формула 1 си е посебно нешто и таму се најбрзите болиди. Секако сакам шанса таму. кога бев во спортот не беа најдобри околности, Но доколку има шанса сакам да се вратам.

Најдобра стратегија е да се фокусирам на себе. Морам да сум во што подобра позиција на патеката. Пазарот на возачи е жешка тема за секој шампионат. Не е различен во Формула Е или Формула 1. Знаете што се случува и дека мора да испорачате резултати, Но зафатен сум со Мерцедес.

Мора да минам некое време во симулаторот. Развојот на новата сезона почнува наскоро. Ќе бидам присутен како резервен возач и нема многу да возам – откри белгијанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ