Вандорн оди во Бахреин, но не се знае дали ќе вози

Стофел Вандорн не знае дали ќе се врати на Гранд При тркачки викенд како возач во трка, но свесен е дека има шанса да се трка на Шаркирското Гранд При претсојниот викенд.

Мерцедес утрово објавија дека Луис Хамилтон ќе го пропушти следниот тркачки викенд откако имал позитивен корона вирус тест. Британецот пријавил благи симптоми во Понеделник наутро, а потоа следувал и позитивен тест по што следните 10 денови е во излација во Бахреин.

Формула Е тркачот, Стофел Вандорн, е резервист во Мерцедес сезонава, улога која ја има од почетокот на минатата година, паралелно со тркањето за фабричкиот тим на “сребрените стрели“. Тој бил на пат да кон Бахреин за Формула Е тест, но не се знае дали ќе вози и во премиерната моторспорт тркачка серија.

ионака одам накај бахреин, летам утре, а во моментов навистина не знам што ќе се случи. знам дека имам шанса да возам на трка, но ќе видиме, патувам утре и потоа ќе ми кажат – најави стоф.

Утрово белгиецот дознал дека Хамилтон е позитивен на корона вирусот, многу кусо откако тоа и официјално било објавено од страна на тимот.

Неговата последна трка беше во 2018 година како возач на Мекларен на Големата награда на Абу Даби како финале од сезоната.

добив порака утрово околу 7 часот, тимот ми кажа дека луис има позитивен тест и дека по еден час тоа и официјално ќе се објави. потоа ме чекаа мене, а да бидам искрен не знам што да мислам и кажам затоа што се фокусирав на мојот Формула Е тест во Бахреин. тоа е приоритет цел ден, знам дека утре одам натаму и ќе видиме како ќе биде.

Вандорн мина две сезони тркајќи се за Мекларен крај Фернандо Алонсо и најдобар пласман му беше 7мо место. Алтернатив за “сребрените стрели“ секако дека е и Џорџ Расел, иако тој има обврски кон Вилијамс.

Нејасно е дали Хамилтон ќе успее на време да се опорави за последната трка во сезоната по задолжителниот 10-дневен период на изолација.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ