Ван дер Гарде очекува Верстапен да ја освои титулата

Гидо ван дер Гарде смета дека неговиот сонародник, Макс Верстапен, има реална шанса да го победи Луис Хамилтон во борба за титулата во 2020 година.

Ван дер Гарде е единствениот холанѓанец кој возел во Формула 1 во последната декада, со тимот на Катерхам во 2013 година. Три години подоцна, Верстапен стана првиот од својата земја кој победил на трка. Од тој момент, Макс стигна до уште седум победи и 30 подиуми, но никогаш не беше во болид кон може да нападне за титула.

Во иднина, апсолутно се надевам дека тој може да стане првиот холандски шампион. Мислам дека тоа е возможно со Ред Бул. Оваа година тој има реална шанса, но Луис Хамилтон е сеуште присутен. Тој е најголема закана. Тој го има искуството и веќе знае како да освои титула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ