Ван Дер Гарде: Перез треба да го замени Албон

Откако беше промовиран во сениорскиот Ред Бул тим минатата година, Александер Албон се мачи да се држи блиску до Макс Верстапен, што предизвика шпекулации дека тој може да го загуби местото во тимот за наредната година. 

Доколку Ред Бул се паметни, треба да го земат Перез во вториот болид покрај макс Верстапен. ТОј е подобар од Албон, а тоа Може да го видите на квалификациите.

Албон е половина секунда побавен од Макс И Мислам дека Перез има брзина да го брка Верстапен, а тоа ќе му помогне. Го видовте тоа кога Даниел Рикардо му беше колега – изјави Ван Дер Гарде. 

Но, Ред Бул не се откажуваат од Албон сеуште. Овој викенд тој доби нов инжинер за трка со цел да се подобрат неговите перформанси. Симон Рение беше инжинер на Марк Вебер во 2013 година и работеше со Даниел Рикардо до 2018 година. Минатата година тој се префрли од трачката патека во фабриката.  Досегашниот инжинер Мајк Луг се враќа во фабриката во Милтон Кејнс. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ