Васур: АлфаТаури беа агресивни со потврдата за Мекиес

Тискиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, посочи дека АлфаТаури биле по малку агресивни во врска со нивната потврда за Лорен Мекиес и фактот што французинот ќе биде нивни шеф во иднина, иако деталите околу прекинот на работниот ангажман на инженерот сеуште не се потврдени.

Малата екипа од Фаенца во Среда потврди дека актуелниот спортски шеф на Скудерија, Мекиес, ќе го замени долгогодишниот нивни челник, Франц Тост. Но, тимот не потврди датум од кога Лорен треба да почне да работи за нив, само потврдија дека Франц ќе остане шеф на тимот до крајот на оваа сезона, а потоа ќе има констултантска улога.

Вообичаено трансфери од ваков вид се кооринирани помеѓу двете екипи, но овој шат недостасуваше било каква потврда од Маранело.

мислам дека ова е огромна можност за лорен и со оглед на тоа дека јас и тој имаме одличен однос, не ни помислував да го предомислам. ако зборуваме за рокови, мислам дека торо росо односно алфатаури беа многу агресивни со нивното соопштение затоа што ние имаме долгорочен договор со лорен и дури сега ќе мораме да разговараме за деталите – откри шефот васур.

Мекиес е во Азербејџан со Фераро на вообичаен тркачки викенд, а Фред посочи дека тој, како тимски шеф, мора да ги штити интересите на Ферари затоа што тимот е пред се и секогаш на прво место.

Одлуката на Лорен да го напушти Ферари доаѓа неколку недели откако висок инженер на тимот, Давид Санчез, реши да замине од Скудерија и да почне да работи за Мекларен од Јануари следната година.

да се загубат двајца во организација од 1.000 луѓе не е ништо страшно, но моќта на тимот е поголем од моќта на индивидуалците кои го сочинуваат. мораме да запамтиме дека групатае најважна од се, а нашата група е тука, носиме многу нови луѓе, но не се фалиме со тоа во јавноста.

одиме чекор по чекор затоа што не може да се промени една организација за само две недели, треба совршен избор на кадри, а тоа во формула 1 не е вопшто лесно. се работи за долг и болен процес, но работиме на тоа. нема да правиме нова организација, туку чекор по чекор драстично ќе ја подобриме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ