Васур во одбрана на новиот спринт формат

Азербејџанското Гранд При содржеше куса спринт трка и тоа во ревидиран формат, но истата не ја испорача и донесе очекуваната забава.

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, смета дека здодевниот спринт нема никаква врска со промените во спринт викендот направени неодамна. Формула 1 комисијата донесе промена, така што во петок има само еден тренинг и квалификации за главната трка, додека сабота е целосно посветена на спринтот, има квалификации за него и куса трка.

Недостатокот на тренинзи значеше дека екипите се мачат со сетирањеот на своите болиди и извлекување на податоци за анализа што вообичаено ги имаат, така што претпазливоста беше поголема.

Васур посочи дека минатите трки во главниот град на Азербејџан биле многу понитересни, така што новиот формат не е виновен за здодевноса.

фактот што и трката не беше интересна нема никаква врска со променетиот формат. по мене форматот е возбудлив затоа што сите сесии се важни, исто како и за фановите и гледачите кога сите сесии се добри за гледање. вистина е дека вториот тренинг во сабота наутро беше здодевен и бескорисен.

фактот што трката не беше интересна можеда се бара на друго место. ако ги видиме минатите седум години, баку беше навистина возбудлив, но често се создаваше дрс вози во кој не можеше да се престаса и можеше да се возат и 200 кругови без претекнување. но, сме имале и многу интересни и возбудливи трки во минатото, така што новиот формат нема никаква врска – смета васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ