Васур ги откри очекувањата од новиот пакет надградби

Скудерија Ферари се соочија со тешка одлука да се откажат од својот уникатен дизајн на страничните подножја во корист на конвергенција за Големата Награда на Шпанија.

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, призна дека промената во дизајнот на  болидот, воведена со надградбата за Големата Награда на Шпанија, била тешка одлука.

Скудерија го отфрлија својот уникатен дизајн во корист на формата на Ред Бул за  патеката Каталуња, и имаат за цел да ја вратат изгубената позиција од Мерцедес и Астон Мартин во раните фази од сезоната.

Ферари ја започна новата ера на техничките регулативи во Ф1 како најбрза екипа, но откако беа поразени од Ред Бул во втората половина од минатата сезона како и слабиот почеток на оваа, беше донесена да се истражи нова развојна насока.

Тоа е можност да се отвори нова врата за иден развој – вели Васур.

се обврзавме на овој начин, да видиме што ќе ни донесат следните недели. Тоа беше тешка одлука.

Од оваа надградба, очекуваме чекор напред, не огромен, и исто така да отвориме некои врати за иднината.

На следните неколку трки доаѓаат надградби, можност да се отвори нов правец, но дури и од оваа надградба, очекуваме чекор напред.

Карлос Саинз го користеше надградениот изглед на првиот тренинг за Големата Награда на Шпанија, додека Шарл Леклер продолжи со стариот пакет.

Но потоа Леклер ја доби и својата можност на вториот слободен тренинг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ