Васур го објасни односот на Заубер и Ауди

Ауди ќе биде партнер на Заубер од 2026 година, а тимскиот шеф, Фредерик Васур, објасни како ќе работат. 

Ауди ќе влезе во Формула 1 како производител на мотори и ќе биде партнер на Заубер кој во моментов е брендиран како Алфа Ромео. Договорот со Алфа истекува наредната сезона и Заубер ќе вози под оригиналното име во 2024 и 2025 година. 

Прво ќе ги поделиме работите, Тие ќе работат на моторот, додека тимот ќе работи на шасијата во Хинвил – откри васур.

Односот ќе биде сличен на Рено и Алпин откако се вратија во Формула 1 во 2016 година. и моторот се работи во Вири, додека шасијата се прави во Енстон. Единствен тим кој се прави на едно место е Ферари во Маранело, а кон истото се стреми и Ред Бул откако ќе почне со работа фабриката за мотори. 

Васур потврди дека Ауди ќе купи акции во компанијата, а фокусот ќе биде тимот да стане поконкурентен. 

Ќе купат акции во компанијата, но не смеам да кажувам детали. Мислам дека тоа е добар начин за работа на тимот. Сакаме да направиме добра стратегија и да немаме внатрешна борба во тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ