Васур го пофали Биното за начинот на кој му ја предал функцијата

Поранешниот тимски шеф на Ферари, Матиа Биното, беше пофален од неговиот наследник, Фредерик Васур, затоа што му помогнал во предавањето на должноста прв човек на Формула 1 екипата.

Васур беше донесен како замена на швајцарскиот инженер по крајот на минатата сезона откако Биното не доби доволна поддршка од Претседателот Џон Елкан и Главниот извршен директор Бенедето Виња. Иако Матиа жалеше што по долги години ќе го напушти Маранело, сепак, направил се за да го остави тимот во добри раце и да го воведе својот наследник во секојдневните актиности.

предавањето на должноста беше кристално јасно иако имаше гласини дека не било така. по трката во абу даби, една недела потоа, веќе почнавме да разговараме, процесот на предавање беше многу брз.

се чувме со матиа, се сретав со него, разговаравме во “четири очи“, бевме само ние двајца и сето тоа благодарение на матиа затоа што реши да ме почека да дојдам, да се појавам и да разговараме заедно – откри васур.

Освен што добил многу корисни совети од Биното за тоа како е да се биде шеф на славниот тим, Фред откри дека наскоро ќе седне и со својот сонародник, Жан Тод, од кого исто така очекува многу да научи. Тод го водеше Ферари за време на раните 2000-ти години и ерата на Михаел Шумахер.

секако дека ќе разговарам и со жан затоа што тој секогаш остана близок со формула 1. разменивме пораки пред неколку недели и ќе се сретнеме наскоро. секој совет е добредојден, иако мислам дека денеска е многу поразлично одошто во негово време.

Откако заврши мандатот на Тод во ФИА, се шпекулираше дека тој ќе се врати на старото место во Ферари, а се најавуваше и констултантска улога за него. Но, Васур посочи дека тоа се само гласини и дека неговиот контакт со сонародникот е на лична основа.

го знам жан повеќе од 20 години и тој никогаш не бил многу далеку од мене на професионален план. мислам дека е сосема логично да разговарам со него, но не се работи за негова констулатнтска улога, туку за лично пријателство и ништо повеќе од тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ