Васур демантира дека Пјастри ќе вози за него догодина

Шефот на Алфа Ромео, Фредерик Васур, демантираше дека лидерот во Формула 2 поредокот, Оскар Пјастри, ќе вози за него следната сезона.

Последното слободно место нагридот е она во Алфа Ромео, а швајцарците не брзаат да го пополнат истото, најавувајќи дека поради искуството на Ботас, немаат ништо против дебитант да вози за нив.

Најсериозен кандидат до сега беше кинезот Гуанју Жу, чии спонзори се согласија да платат 30 милиони долари на тимот со цел возачот да добие договор. Кинезот заостанува зад Пјастри во Формула 2 поредокот, откако австралијанецот има голема можност да го повтори успехот на Расел и Леклер, да ги освои Формула 3 и Формула 2 во две последователни сезони.

Васур демантираше дека Пјастри ќе биде дел од Алфа Ромео поради фактот што смета дека Алпин веќе го планираат Оскар за резервист во тимот како дел од нивната Академија.

оскар врши одлична работа и многу е константнтен последните неколку тркачки викенди, но колку што јас знам, тој е дел од рено односно алпин – вели фред.

Правилата за следната сезона ќе се променат, а на петочните тренинг сесии, сите екипи ќе мора да отстапат по едно место на млад возач, така што се чини дека Пјастри ќе добие доста шанси со Алпин. Поради тоа, Васур смета дека нема смисла Алпин да инвестирале толку во Пјастри за да го пуштат брзо во друга екипа.

ако инвестирате во возач да се трка низ сите јуниорски серии и имате долгорочна програма со него, не гледам никаква смисла да го пуштите во друга екипа.

на пјастри му оди многу добро и многу созреа последните години. повеќе од јасно е дека е еден од најдобрите возачи во формула 2 во моментов, одлично одработе и лани. тој е еден од младите деца кои ќе имаат одлична формула 1 кариера, тоа е сигурно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ