Васур детално за проблемите на СФ-23

Слабостите на Ферари оваа сезона според Васур се големата деградација на гумите во текот на трката.

Тој ги објасни детално проблемите и разбирањето на гумите на Пирели во обид да го решат проблемот.

Надежите за титула оваа сезона исчезнаа поради лошите перформанси на трка во однос на квалификациите.

По разочарувачката трка во Шпанија каде Саинз заврши на петто место, а Леклер уште подолу, Васур се осврна на разликата која ја имаат сабота и недела.

Не може да се споредат Мајами и Барселона во однос на изглед, асфалт и енергија на гуми. На квалификации сме тука но не и на трка. Болидот не е константен со сите гуми. Имаме 1000 луѓе кои работат на тоа и тешко е да се разбере и сфати бидејќи ништо не е исто. Вистина е дека на квалификации си во чист воздух додека на трка не е така. но мислам дека Шарл се мачеше во првиот стинт. Галвниот проблем за нас не е потенцијалот во кругот туку неконстантноста. Шарл беше на иста гума во првиот и третиот стинт но беше целосно различно.

Ферари донесоа многу надградби во барселона кои ги возеше Саинз.

Направивме чекор напред во однос на потенцијалот. Во квалификации Карлос заврши напред во првиот ред и мислам дека тоа е голем чекор напред но разликата со Мерцедес е голема во однос на трка. Мора да се собереме и да се фокусираме на трките и да освојуваме поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ