Васур дециден: Нема привилегиран возач во Ферари

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, тврди дека возачите на тимот, Шарл Леклер и Карлос Саинз, ќе имаат еднаков статус претсојната сезона.

Французинот го замени Матиа Биното на шефовското мество во Маранело откако претходно шефуваше со Рено и Алфа Ромео.

Лекелр заврши на 2ро место во ланскиот поредок, додека шпанецот беше три позиции зад него, а нивниет договори имаат важност до крајот на 2024 година.

имаме двајца фантастични возачи кои може да го испорачаат тоа што се бара од нив и ќе имаме капацитет да им дадеме идентичен болид, иста структура и поддршка од тимот. јасно е која е целта, да победи ферари и ферари секогаш ќе биде број еден.

сепак, доколку е потребно да се вмешам, без размислување ќе го направам тоа за доброто на тимот, без оглед кој возач ќе се стекне со предност, а кој ќе загуби затоа што екипата е пред се – дециден е васур.

Тимот заврши на второ место зад шампионскиот Ред Бул лани, а новиот шеф посочи дека мора да работат за да ги предстигнат “биковите“.

јасно е која е нашата цел. кога сте во врвна екипа не може да имате друга цел освен победа. не може да почнете да се трката и да кажете дека сте задоволни со второ место, тоа е неамбициозно. ние имаме се што е потребно да целиме на победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ