Васур за дополнителните 30 “коњи“ на Ферари: Нема врска

Откако почнаа да кружат шпекулациите дека моторот на Ферари за претсојната сезона е 30 коњски сили посилен од ланскиот, се јави и новоназначениот тимски шеф на Скудерија Фредерик Васур.

Се пишува дека дополнителна снага пронашле и во Мерцедес и во Ред Бул, но Васур откри дека информацијата за Ферари е шега, неточна.

во врска со моторот, не знам од каде излегоа тие бројки со кои се шпекулира, но тоа е вистинска шега – посочи фред.

Нови мотори ќе има од 2026 година, така што поради поефтинување на транзицијата, сегашните агрегати се замрзнати и може да се работи само на нивната издржливост, секако со дозвола на ФИА. Но, Алпин неодамна потенцираа дека токму под превезот на подобрување на издржливоста, конкурентите ги засиливаат своите мотори.

ние направивме дбоар екор напред со моторот, но се работи само за издржливоста. мислам дека перформансите од лани не се воопшто проблем, но проблемите со издржливоста се мака и најдовме начин да ги поправиме.

за сега изгледа добро, но кога ќе дојдеме на патеката, сликата може да биде различна. страдавме од неколку различни проблеми и вистина е дека моторот е подобрен, но само од гледна точка на изджливоста. исто така имавме и проблеми со вибрации и потскокнување.

сепак, ќе имаме далеку почиста слика на првиот тест во бахреин – објасни васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ