Васур незадоволен од скорешните постапки на Џовинаци

Фредерик Васур, шефот на Алфа Ромео, му посака на Антонио Џовинаци се најдобро во идната моторспорт кариера, но е незадоволен од неговите скорешни коментари дека Формула 1 е немилосрден спорт во кој парите се главни.

27-годишниот италијанец ќе биде заменет од кинезот Гуанју Жу следната сезона, возач кој со себе ќе донесе значителни финансиски средства во тимот.

искрено мислам дека за него е важно да го затвори формула 1 делот од својот живот, барем оваа сезона и тоа да го направи на патеката. ги видов неговите коментари и искрено јас не сакам таков став затоа што тимот му даде шанса три години, алфа ромео му даде шанса три години, а има куп возачи кои сонуваат за таква шанса.

сега има друг предизвик пред себе и треба да се покаже во тој предизвик. можеби ќе се врати во формула 1 во иднина, светот е мал и мора да се остане професионален – смета васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ