Васур: Новиот договор на Леклер не е приоритет

Шефот на Ферари, Фредерик Васур, посочи дека договоротна Шарл Леклер и продолжување на истиот не е на врвот на листата на работи кои тој ќе ги превземе.

Тандемот на Ферари имаат договор за останување во Маранело до ркајот на 2024 година, но шпекулациите за иднината на моначанецот стануваат се погласни затоа што дел од падокот смета дека доколку Шарл не добие конкурентен болид со кој ќе може силно да нападне за титула годинава, ќе размисли дали да промени средина.

Тото Волф нема да има ништо против да го земе силниот возач на Ферари кај себе како замена за Луис Хамилтон кога тој ќе се реши да се повлече од Формула 1.

ги познавам одлично двајцата возачи и има време пред да почнеме да разговараме за нивната иднина. за мене денеска тоа не е приоритет број еден.

мораме добро да ја почнеме сезоната и да бидеме цело време конкурентни и би било погрешно да се почнат преговори со возачите кога тоа не е врвна цел – посочи францускиот шеф на екипата.

Фред е близок со Леклер затоа што моначанецот ја почна својата Формула 1 кариера преку Заубер каде токму Васур беше шеф. Поради тоа, тој посочи дека е задоволен, исто како и Шарл, што повторно ќе соработуваат.

не сакам да зборувам со тоа, затоа што мислам дека е лош почеток на соработката. се фокусираме на спортскиот дел, а тоа се резултатите. исто како на свадба, ако двете страни се задоволни, продолжуваме понатаму.

имаме одличен однос и има многу време за да поченеме да дискутираме, но најважни сега се перформансите кои ќе ни донесат резултати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ