Васур откри: Сите се согласивме за две квалификации на спринт викенд

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, откри дека сите 10 екипи се согласиле на две квалификациски сесии за време на спринт викендите оваа сезона.

Годинешниот календар има дури 6 спринт трки на распоредот, а првата е во Азербејџан следниот тркачки викенд на крајот на овој месец. Од оваа сезона, спринтот ќе биде засебен дел од тркачкиот викенд и нема да послужи како одредување за неделниот статен поредок.

Така, за стартниот поредок на спринт трката ќе се возат квалификации во Петок намсто вториот тренинг, додека во Сабота пред спринт трката на програмата ќе бидат главните квалификации. Сепак, за ова треба официјално гласање од Светскиот Мотор Спорт Совет кое наскоро ќе се случи, но тимовите биле “за“ ваквиот предлог.

мислам дека конечно екипите едноглсно се согласија на нешто затоа што тоа не се случува многу често – откри шефот на ферари.

Тој посочи дека вториот тренинг во петок ионака не носел возбуда за фановите и поради тоа добро е решението да има квалификации наместо истиот.

секако дека форматот ќе биде подинамичен. можеби квалификациите ќе се доцна, но нема друго решение и во моментов мораме да одиме така.

ми се допаѓа форматот затоа што ионака не го сакам вториот тренинг многу затоа што понекогаш е здодевен, но не за нас затоа што ние ионака имаме куп податоци за собирање туку за гледачите кои не знаат кој со каков мод на моторот вози и кој колку гориво има

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ