Васур: Преамбициозно е да се зборува за возачи на Ауди

Шефот на Алфа Ромео, Фред Васур, смета дека е прерано да се зборува кој ќе вози за Ауди од 2026 година, кога германците официјално ќе станат дел од Формула 1.

Ауди потврди дека ќе соработува со Заубер кога ќе влезе во Формула 1, а самите веќе работат на сопствен агрегат. Васур не сака да претпоставува кој ќе вози за тимот бидејќи има доста опции. 

Имаме уште многу време до 2026 година. Ја имаме академијата каде развиваме млади возачи. Сигурно го имаме и Ботас и Жу, но и Тео е тука.

Сеуште е рано да се разговара за договор по 2026 година. Не сакаме да поврзуваме ништо со тимот ни спонзорот. Името на компанијата останува Заубер. На шасијата ќе пишува Заубер, но може да имаме главен спонзор – посочи францускиот шеф на екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ