Васур: Соработката со Ауди ќе биде пресвртница

Тимскиот шеф на Алфа Ромео, Фредерик Васур, смета дека новата соработка со Ауди која ќе почне од 2026 година ќе биде пресвртница во историјата на швајцарски Заубер.

По шпекулации кои траат од почетокот на сезоната, во пресрет на Мексиканското Гранд При пред две недели, Ауди официјално потврди дека Заубер ќе биде нивни партнер во Формула 1 при влезот во спортот официјално од 2026 година.

Во минатото швајцарците имаа соработка со производители откако со БМВ работеа од 2006 до 2009 година, така што Васур е сигурен дека ќе имаат огромна корист од германците.

на кус рок нема да има голем удел за нас затоа што веќе знаеме кои се следните чекорти, но во однос на носење на нов паерсонал кој ќе биде пртивлечен од арактивноста ќе имаме голема корист во иднина. на среден рок сигурен сум дека ќе биде пресвртница затоа што ќе имаме партнерски однос во тркачка серија која станува се потешка.

формула 1 многу напредна последните 1-0 години, а ние успеавме да останеме на гридот како независен тим што по мене е херојски. веројатно најдобрата опција која ја имаме е да бидеме партнери со некој производител во иднина што и се оствари – задоволе е французинот.

Иако финансискиот модел на Формула 1 е променет со ограниченото трошење, Васут смета дека и тој износ поставен како палфон е преголем за оние кои немаат поддршка од голем производитле

сеуште сме далеку од максималниот износ што значи дека сеуште заостануваме во тој поглед. мислам дека во иднина ќе стигнеме до тој износ, иако во моментов сме далеку. се зависи од резултатите кои ќе ги постигнеме на долг рок, а во моментов имаме само три независни екипи на гридот.

Фред потврди дека планот е моторите на Ауди да се произедуваат во нивната фабрика за таа намена воНојбург, а шасијата како и до сега, во современата фабрика на Заубер во Хинвил.

ќе ги поделиме двата сегменти, тие ќе бидат целосно одговорни за моторот во Нојбург, додека ние ќе продолжиме со шасијата и се што се работи на патеката од нашата база во Хинвил, тоа е јасно. тие ќе купат одреден број на акции во компанијата во иднина, но детали за тоа нема да откривам.

мислам дека симсливме добар начин за работа на екипата. анализиравме што е добро во минатото кај нас и во другите екипи и најважно за мене е да биде јасно кој е соодвносот во формула 1 тимот и кој ќе раководи со екипата за да продолжиме со напредок без никакви пречки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ