Васур: Ферари има се што е потребно за титула

Новиот шеф на Ферари, французинот Фредерик Васур, е убеден дека екипата има се што е потребно да освои титула и смета дека секоја цел помала од тоа е недостаток на амбиција.

Французинот ја превзема екипата по крајот на минатата сезона, откако претходно беше отпуштен тогашниот шеф, Матиа Биното. Последниот наслов во Маранело беше од 2008 година и беше конструкторски откако година претходно Кими Раиконен стана првак со италијанците.

Скудерија ја загуби трката по развој од Ред Бул, но имаа и технички проблеми како и лош избор на стратегија во текот на сезоната, така што иако силно почнаа, последниот триумф им беше во Австрија во Јули.

јас сум убеден дека денешниот ферари, иако секако дека моето искуство од тимот е кусо, но сметам дека имаме се што е потребно да победуваме. мораме да одработиме како што треба, но сигурен сум дека сме способни за тоа.

видете ги резултатите од последните 10-тина години и тркалото секогаш се врти, така што се работи само за континуирано подобрување и константен напредок.

ако завршиме подобра работа од конкурентите во текот на годината, тогаш ќе победуваме. ништо не е сигурно, ако погледнете кои екипи доминираа пред само неколку години, денеска ги нема. тоа значи дека не значи оти некој кој победувал, ќе продолжи да го прави тоа.

формула 1 константно се менува, а ние фокусирано ќе си ја работиме нашата работа, ќе работиме на перформанси и се е можно – смета васур.

Ланското второ место во конструкторскиот поредок беше најдобар резултат за Ферари од 2019 година, а следуваше изјавата на Главниот извршен директор, Бенедето Виња, кој посочи дека ништо освен титула не е прифатливо.

титулата е јасна и очигледна цел. кога сте врвна екипа, не може да имате друга цел освен да бидете први и да победувате. не може да почнете сезона со мислата дека ќе бидете втори, тоа е недостаток на амбиција. мислам дека имаме се што ни е потребно да завршиме добра работа и да победиме.

Фред е 5от тимски шеф на Скудерија од нивниот последен наслов, откако пред него на таа функција беа Матиа Биното, Маурцио Аривабене, Марко Матиачи и Стефано Доменикали.

Васур во Заубер беше тимски шеф, но и Главен извршен директор, додека во Ферари структурата е погломазна.

ситуацијата е многу јасна. во заубер морав да му одговарам на претседателот на групацијата, секогаш имате шеф над вас. сега сум одговорен за менаџирање на тимот, имам надлежнсот да го правам тоа како што знам и умеам. имав долги разговори со виња и елкан, се слушаме секој ден и тие точно знаат што се работи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ