Вебер: Луѓето се многу строги кон Хамилтон

Марк Вебер смета дека Формула 1 аналитичарите во последно време се многу строги кон Луис Хамилтон и потсети дека седумкратниот првак е најопасен кога е под притисок.

Британецот не ја почна лошо сезоната со подиумот во Бахреин, но од тогаш перформансите му се во надолна линија поради проблеми со новиот В13 на Мерцедес заостанувајќи 21 поен зад својот колега Џорџ Расел во возачкиот поредок. Дополнително, на последната трка на Имола тој се мачеше до толку што заврши само на 13то место не успевајќи да го мине Пјер Гасли пред себе.

Но, Вебер ги анализира околностите на последните неколку трки и понуди поинаков поглед на релативните перформанси на Хамилтон на патеката.

мислам дека луѓето се премногу брзо престроги кон хамилтон. во бахреин брилијантно извозе за 3то место, додека во саудиска арабија имаше безбедносно возило кое му наштети, исто и во мелбурн. мислам дека пропушти доста поени не по своја вина.

единствено на имола имаше тешки квалификации и тешка трка. секако, сит езабораивја како претходно загуби поени не по своја вина – посочи поранешниот возач.

Австралијанецот потсети дека кога е најтешко, тогаш Луис и Мерцедес ќе бидат најсилни.

никогаш не смее да се потцени организација како мерцедес и ќе биде фасцинантно д асе следат наредните неколку недели.

луис е најопасен кога е притиснат, никогаш не загубил мотивација и веројатно затоа е најдобар на сите времиња.

Тој се осврна и на одличните перформанси на другиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел.

џорџ брилијатно вози и тоа е одлично за него и одлично е да се има толку силни млади возачи во спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ