Вебер предвидува: Насловите догодина за Хамилтон и Ферари

Поранешниот Формула 1 возач, Марк Вебер, верува дека Луис Хамилтон ќе ја задржи својата предност кај возачите и ќе стигне до нов наслов догодина, додека Скудерија Ферари ќе спречи нова двојна титула за Мерцедес.

Мерцедес шест години по ред се закитува со конструкторскиот наслов, а исто толку години нивни возач ја освојува возачката титула.

Ферари и Ред Бул беа доста конкурентни годинава и сериозно го предизвикаа Мерцедес, како со чиста брзина така и со стратегија, но грешките особено на возачите на Ферари спречија посериозна конкуренција од Скудерија.

Вебер смета дека следната сезона Луис ќе го изедначи рекордот од седум возачки титули на Михаел Шумахер, додека најславната екипа на гридот ќе освои прв наслов од 2008 година.

шарл леклер и себастијан фетел можат редовно да бидат на врвот. за конструкторска титула ферари изгледа одлично иако смета дека луис сеуште е супериорен кај возачите во текот на една календарска сезона – смета вебер.

Многумина веруваат дека следниот Формула 1 првак ќе биде еден од Шарл Леклер или Макс Верстапен, а Вебер верува дека тие ќе се борат со Хамилтон уште следната сезона.

веќе нема ни потреба да го споменуваме верстапен затоа што тој веќе е име за себе и “напален“ возач. нетрпелив сум давидам како хамилтон ќе стигне до 7те титули на шумахер, а во исто време ќе се бори со леклер и верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ