Верлејн пред враќање во ДТМ

Паскал Верлејн е многу блиску пред враќање во ДТМ серијата претстојната сезона откако остана без место на гридот. Германецот ги освои сите поени во 2017 година за Заубер откако 2016 ја мина во Манор, но швајцарската екипа се реши да го донесе Шарл Леклер место него.

Мерцедес неколку пати повторија дека стојат зад Паскал Верлејн, го поддржуваат и ќе најдат соодветно место за него, а Тото Волф појасни дека му треба возач кој е во кондиција и може да превземе улога во тимот.

Се чини дека ДТМ е најдобра опција за Паскал, тркачка серија која ја освои во 2015 година. Место во тимот на Мерцедес за претсојната сезона се отвори откако Маро Енгел објави дека ќе се трка во Формула !.

Сепак, Паскал не е единствен кој се надева на местото на Енгел, затоа што будно развојот на настаните го следат и Даниел Жукадела и Максимилијан Гунтер. “Сребрените“ ја напуштаат ДРМ во 2018 година за целосно да се посветат на Формула Е со фабричка екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ