Верстапен бара од Ф1 да се откаже од спринтот

Двократниот шампион и моментален лидер во првенството, Макс Верстапен, изјави дека новиот спринт формат треба да биде прекинат по премиерата во Баку денеска.

Холанѓанецот имаше контакт во првиот круг со Џорџ Расел и заврши со оштетување на страничниот дел на болидот, а подоцна влезе во конфликт со возачот на Мерцедес во парк ферме. Верстапен го критикува спринт форматот уште од самиот почеток и повторно зборуваше за истото по завршувањето на спринт трката.

Откажете се од целата оваа работа. Мислам дека е важно да се вратиме назад и да се осигураме дека сите тимови сакаат победа, а не е целта да се направи вештачка возбуда.

Ми беше досадно уште на квалификациите, да бидам искрен. Тоа е како да правиш едни долги квалификации каде ставаш се, но подоцно се сетив дека има уште едни квалификации и воошто Не уживав во тоа – посочи макс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ