Верстапен бесен: Ваква грешка не смее да се случи

Макс Верстапен доби информација да го прекине својот квалификациски круг на Марина Беј затоа што снемал гориво, грешка која вели дека не смеела да се случи.

Тој посочи дека имал две можности за пол позиција денеска, првиот пат доби наредба од тиот да забави, а потоа снема гориво, така што ќе мора да тргне од 8мо место утре. Последниот круг го заврши пред време паркирајќи се во гаражата.

Тој потврди дека тимот му кажал да оди во гаража во последниот круг затоа што ќе снемал гориво, ќе бил дисквалификуван и ќе стартувал од последно место.

чувствував дека имав силен круг и претпоследниот, но ми кажаа да го прекинам и да пробам во последниот обид. потоа се случи тоа што никој не го очекуваше, снемав гориво.

секако дека сум фрустриран затоа што вакви грешки се недозволени дури и кога полните помалку гориво од потребното, не планирајќи да возите дури 6 летечки кругови, ја завршувате сесијата со потребното количество во резервоарот. требаше да го предвидиме ова.

не сум среќен во моментов, знам дека грешката е на ите во тимот и може да се случи, но не можам да прифатам такво нешто. секако дека ќе научиме од ова и нема да го повториме – појасни макс.

Холанѓанецот победи на последните 5 трки вклучително и Унгарија, патека на која тешко се претекувна, каде тргна од 10то место, но и Белгија каде тргна од 14то место. Сепак, не е преголем оптимист дека ќе мине прв низ целта и на Марина Беј.

овдека е слично како во монако, претешко е да се претекне и можеби треба паметно да се одигра со стратегијата, но во моментов не сум баш расположен да размислувам на тоа. штом ќе влезам во болидот секогаш давам се од себе. сега сум фрустриан и тоа е тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ