Верстапен го разбира трансферот на Алонсо во Астон

Макс Верстапен изјави дека целосно разбира зошто Фернандо Алонсо одлучил да мине во Астон Мартин, коцкајќи се со својата иднина.

Нандо го раздвижи пазарот на возачи откако неколку денови по објаваа дека Себастијан Фетел ќе се пензионира, одлучи да потпише повеќегодишен договор за тимот на Астон Мартин. Трансферот е изненадувачки затоа што Алпин се борат за епитетот најдобри од останатите на гридот, додека Астон Мартин се единстено пред Вилијамс кај конструкторите.

Двократниот првак е свесен дека нема гаранција а напредокот на Астон Мартин, но актуелниот првак, Макс Верстапен, смета дека мотивацијата на Нандо е поттикната од возбудлива иднина и притискање за напредок.

трансферот на фернандо беше многу возбудлив, зошто не би бил?

мислам дека астон мартин се екипа која сака да дојде до самиот врв, вработуваат многу луѓе и го сфаќам фернандо и неговта желба да оди таму и да им помогне да изградат нешто на едно друго ниво. возбудливо е и затоа го разбирам – вели верстапен.

Заминувањето на Алонсо од Алпин во ситуација во која тимот очекуваше да се продолжи соработката донесе низа други настани како заминувањето на Даниел Рикардо од Мекларен за да се направи место за Оскар Пиастри. Во врска со својот поранешен колега, Рикардо, Макс изјави:

мислам дека беше во ситуација во која болидот воопшто не му одговараше, константно се трудеше да се подобри, но не успеваше да најде ништо. веројатно многу разговарале двете страни и се сложиле дека сакаат да продолжат во различна насока, така е понекогаш.

Запрашан за разликата во перформанси помеѓу Рикардо и Норис, шампионот кажа:

ландо е сјаен возач, но јасно е дека ако не чувствувате удобно во болидот, не може многу да притискате како што сакате и знете, тогаш никогаш нема да испорачате на нивото коешто се очекува од вас. не знам колкава е разликата помеѓу двајцата, но кога не оди најдобро е да се разделите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ