Верстапен е заинтересиран за промените на Каталуња

Патеката крај Барселона оваа година претрпе промени, а Макс Верстапен со нетпение чека да ги види. 

Од патеката беше отстанета шиканата пред последниот свиок која беше додадена во 2007 година и сега се врати на оригиналниот изглед. Покрај ова, додадени се нови текпро бариери во брзите свиоци и дополнителни безбедносни мерки. 

Верстапен својата прва победа ја оствари токму тука во Барселона во 2016 година и со нетрпение чека да се врати на патеката која е долго време на календарот. 

Со нетрпение чекам да се вратам на патеката која добро ја знам. Заинтересиран сум за новиот изглед во последните два свиока. Имам убави сеќавања од оваа патека бидејќи прв пат тука победив во Формула 1. Барселона е одличен град и уживам овој викенд. Со убаво време би било одлично да сме тука – изјави актуелниот првак.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ