Верстапен задоволен: Новиот договор на Њуи е одлична работа

Макс Верстапен го поздрави продолжувањето на соработката на неговиот тим со славниот дизајнер Адриан Њуи, сметајќи дека со тоа ќе се добие континуитет во резултатите.

Неделава двете страни потпишале продолжување на соработката, така што Њуи останува Главен технички директор на екипата. Макс сите свои победи ги има во креации на Адриан и изрази задоволство што тој останува во тимот и сите шпекулации се отфрлени.

јас имам договор до 2028 година така што мене не ме тангира, но пресреќен сум што и адриан останува. тоа се однесува за сите во тимот, одлично ни оди и сакаме само да го задржиме тимот непроменет, тоа е цел за во иднина – изјави макс од падокот во мајами.

Останувањето на славниот инженер само ја отвори вратата за продолжена доминација на тимот и во иднина. Екипата ја почна сезонава надмоќно и навести здодевна првенство кога се работи за распределбата на титулите.

Тото Волф побара промена на правилата за да се спречи доминацијата, а Верстапен му врати дека тоа што неговиот тим не доминира не значи дека нешто треба да се менува.

тото доминираше и победуваше и во тоа време не зборуваше дека сака промена на правилата. во фудбал понекогаш има зодевни натпревари, но и одлични потоа. не може да се манипулира буквално со се за да се направи забава.

понекогаш се случува доминација, тоа е дел од формула 1. понекогаш како во баку, се очекува некои луди работи да се случат, но се е мирно и вообичаено. друг пат сметате дека ќе има здодевна трка, но не е така, станува интересно и лудо, таков е спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ