Верстапен за потешкотиите на Перез: Никогаш не е совршено

Мексиканецот стигна до мошне потребниот подиум на трката за Големата Награда на Унгарија.

Лидерот во шампионатот во Ф1, Макс Верстапен, го поддржа тимскиот колега од Ред Бул, Серхио Перез, откако тој ја заврши лошата серија на форма со подиум на Гранд При на Унгарија.

Перез не успеа да стигне до К3 на пет трки пред викендот во Хунгароринг, со голем број инциденти и лоши перформанси што доведоа до заостанување од 99 поени во поредокот за возачи.

Изгледаше дека лошата форма ќе продолжи откако Мексиканецот излета во рок од пет минути од воведниот тренинг, иако по многу подобрената сесија на квалификациите го зазеде деветтото место на гридот.

Со агресивни перформанси на претекнување, Перез го освои третото место до крајот на трката и заостана уште 11 поени зад Верстапенм но запрашан дали може да ги оцени напорите на неговиот тимски колега оваа година, Холанѓанецот:

Не сакам да оценувам затоа што никогаш не е праведно тоа, го мразам тоа.

Навистина го мразев тоа во училиште… Може да добивате оценки нели? Добивавте 5, 4, 3 … Никогаш навистина немав многу 5ки во училиште.

Како тим генерално, беше добро да се победи на сите трки досега.

Иднината на Перез во тимот е под притисок и од неговите сопствени перформанси и од враќањето на Даниел Рикардо во АлфаТаури.

Но Верстапен истакна:

Ние сме први и втори во првенството, така што тоа е добро. Не е важно дали е совршено. Никогаш не е совршено, но ако е навистина добро, добро е.

Треба само да продолжиме да работиме. Понекогаш имате неколку тешки моменти кога правите грешки, учите од нив, станувате подобар возач и продолжувате понатаму.

Така функционира. Некои работи исто така се надвор од ваша контрола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ